1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Уапсени две лица осомничени за шпионажа за Русија

ЕМФ | агенции
18 април 2024

Полицијата во германската покраина Баварија уапси две лица за кои постојат сомневања дека шпионирале за Русија.

https://p.dw.com/p/4euxx
тајна служба шпионажа
Осомничените, како што се вели, шпионирале и можни цели за нападФотографија: imago/bonn-sequenz

Вчера (17.04) уапсените германско-руски државјани се осомничени за шпионирање за странска тајна служба, соопшти Обвинителството. На едниот од двајцата осомничени - Дитер С., му се префрла и заговор за подметнување експлозив и пожар, како и дејствување како агент за саботажни цели и за прикажување воени инсталации на начин кој ја загрозува безбедноста. Од Обвинителството се додава дека е извршен претрес на местото на живеење и на работа на двајцата уапсени.

Според „Шпигел“, Дитер С. разменувал информации за можни саботажни акции со лице кое било поврзано со руска тајна служба.

Акциите биле особено наменети за поткопување на воената поддршка на Германија за Украина. Дитер С., наводно, му изјавил на својот соговорник дека е подготвен да изврши напади со експлозив или да подметне пожари, особено на инфраструктура што се користи за воени цели, како и индустриски локации во Германија. Според сојузниот јавен обвинител, Дитер С. собирал информации за потенцијални цели за напад, вклучително и објекти на вооружените сили на САД. Најдоцна од март 2024 година во тоа му помагал второобвинетиот Александар Ј.

„Нашите безбедносни власти спречија можни напади со експлозив, чија цел била поткопување на нашата воена помош за Украина“, изјави сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер. „Тоа е особено сериозен случај на наводна шпионска активностза криминалниот режим на Путин“, додаде таа.

Ненси Фезер, министерка за внатрешни работи на Германија
Ненси Фезер, министерка за внатрешни работи на ГерманијаФотографија: Britta Pedersen/dpa/picture alliance

„Од почетокот на руската агресивна војна против Украина, нашите безбедносни власти ги презедоа сите заштитни мерки против хибридните закани од Русија“, уверува Фезер и додава: „Ќе продолжиме да даваме масовна поддршка на Украина и нема да дозволиме да бидеме заплашени“.